Богов: Стабилни и добри условите за монетарната политика
Условите за монетарната политика се стабилни и добри, оцени гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов укажувајќи дека последното намалување на каматната стапка на благајничките записи е на историски најниско ниво. Рече и дека предвидувањата за економски раст од 3,2 проценти за годинава се остварливи доколку се исполнат одредени предуслови за тоа.
Во интервју за Топ тема вели дека има добри движења на девизниот пазар, има прилив на девизи и оти од почетокот на годината имаме невообичаено исклучително стабилен девизен пазар.
- Една од причината е што увозот не е толку добар, а извозните капацитети што дојдоа имаат многу силно позитивно влијание врз платниот биланс и девизниот прилив. И сето тоа влијае да ја релаксираме монетарната политика, рече Богов додавајќи дека во првите месеци имало и стабилизирање на политичката состојба, но оти ги загрижило случувањето од средата кое го немале предвид при носењето на одлуката.
Во првите месеци видовме стабилизирање на политичката состојба, но малку не загрижи она што се случи во средата, што го немавме предвид при носењето на одлуката.
Во врска со предвидувањата за економски раст од 3,2 проценти годинава вели дека тие се остварливи доколку се исполнат одредени услови и претпоставки.
- Ние земаме одредени претпоставки. Се стабилизира политичката ситуација, имаме фискална консолидација, имаме продолжување на текот на странски инвестиции, имаме економски раст во Европа. Ако сето тоа се оствари, ќе имаме потенцијал да го оствариме растот од 3,2 проценти оваа година, меѓутоа ако нешто од тоа не се оствари нормално дека нема да се оствари и нашата проекција, рече гувернерот.
Минатата година, додаде, изостанала политичката стабилност, иако извозот одел одлично.
- Извозот ни оди одлично и новите капацитети и традиционалната индустрија затоа што беше повлечена и зависеше од она што се случува кај нашиот најголем трговски партнер ЕУ, меѓутоа немавме политичка стабилност и инвестициите целосно потфрлија. Оваа година извозот повторно ќе расте и тука нема дилема дека ќе расте, но прашање е како ние ќе се однесуваме кон инвестициите и личната потрошувачка, дали бизнисите ќе имаат доверба да инвестираат и дали граѓаните ќе имаат доверба да трошат, истакна вицепремиерот Богов
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација