-->
-->
Богојавление го одбележаа и Македонците во Албанија
-->

Православниот празник Богојавлние-Водици беше одбележан насекаде низ Албанија каде што живеат православните Македонци – Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија.
Во Мала Преспа традиционално сите села фрлаат крст во Преспанското езеро.
Со Македонците во Горна Горица, едно од деветте села во областа, беше Васил Стерјовски, лидер на македонската партија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и пратеник во албанскиот парламент од оваа партија.
Тој присуствуваше и на свечената литургија во црквата „Свети Димитрија“ со која чиноначалствуваше отец Алексо Темелко, кој светиот крст го положи во осветените езерски води, а најсреќен беше Антонио Никола.

– Бог се јави. За многу години. Многу сум радосен. Нека Бог донесе среќа, радост, здравје, напредок, рече Антонио.
– Му честитам на младиот Антонио, нека и него и сите Македонци каде и да се ги следи среќа, радост, успеси и благосотојба, посака Стерјовски.
Македонците во Мала Преспа традиционално се собираат во селските цркви, и после литургијата, а според обичаите, со крстот украсен со босилок се упатуваат кон брегот на Преспанско езеро каде се фрла крстот. Обичај е оној кој ќе го фати крстот, во придружба на група, да ги посетува домаќинствата во населеното место каде се даруваат со пари.
Во областа Голо Брдо крстот украсен со босилок, порано, кога православните биле во голем број се фрлал во реките, но сега тоа се прави симболично во поголем сад со вода, продолжувајќи ги на тој начин традицијата и обичаите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Битолчанец не се отрезнил два дена, го фатиле со 3,23 промили па за 30 часа со 3,50 промили алкохол во крвта
-

Муцунски ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Вилнус: Ново поглавје во односите со Литванија
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ треба да го забрза проширувањето и заради сопствената безбедност
-

Серафимовски: Малите семејни винарии заслужено го привлекуваат вниманието кон потенцијалот и квалитетот на македонското вино
-

Владата бара итно мислење од Венециската комисија за предложениот модел на правосудниот испит
-

Англија ја заострува забраната за мобилни телефони во училиштата – нема да смеат да стојат ниту во ранците
-

За клиентите на „АЛТА банка“ од денес достапни електронското и мобилното банкарство
-

Кривична за 28-годишник од Такиџистан, доставил исправа со невистинита содржина со цел да го продолжи престојот
