Богдановиќ: Построгите мерки за време на викендите се уште не даваат резултати
– Медицинскиот координатор на ковид – болницата во Арена во Белград, Предраг Богдановиќ денеска изјави дека построгите мерки во текот на изминатите три викенди не влијаат врз намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19.
– Тоа се уште не дава резултати, затоа утрово работиме со зголемен интензитет, имаме поголем број приеми и секогаш се бара место повеќе, изјави Богдановиќ за Радио телевизија Србија (РТС).
Тој додаде дека 405 пациенти во моментов се лекуваат во Арена, наведувајќи дека клиничката слика на пациентите станува се потешка од недела во недела.
На прашањето за потрошувачката на кислород во однос на ноември и декември, кога имаше силен бран, тој истакна дека тогаш во Арена имало повеќе луѓе за лекување – околу 500, но сега трошат кислород за два дена, колку што тогаш трошеле за 15 дена.
– Од тоа можете да видите колку е сериозна ситуацијата, нагласи Богдановиќ.
Ново на Сител
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари
-
Штети во Скопје по силното невреме
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден број пријави на штети по вчерашното невреме