Богдановиќ го прими уверението за градоначалник на Центар

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска од Општинската изборна комисија. го прими уверението за избор на градоначалник.
Уверенија добија и новоизбраните советници, 16 од коалицијата предводена од СДСМ и седум од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Саша Богдановиќ имаше примопредавање и средба со досегашниот градоначалник, Андреј Жерновски.
Богдановиќ им се заблагодари на сите досегашни советници и им го честиташе изборот на новоизбраните.
- Му се заблагодарувам и на мојот пријател, Андреј Жерновски. Ќе разменуваме искуства за да ги продолжиме сите отпочнати процеси во општина Центар. По долго време, имавме фер и демократски избори. Се сеќаваме како се одвиваа изборите во 2013-та, но и тогаш граѓаните успеаа да се изборат за вистинската опција. Вољата на граѓаните никој не може да ја оспор, изјави Богдановиќ.
Жерновски рече дека пред четири години, кога ја преземал функцијата никој не ги пречекал, но од утредента веќе редовно доаѓале инспекции.
- Машината е запалена, сега треба да се продолжи она што се работеше. Петнаесеттина проекти се веќе почнати и документацијата е завршена за нив. Центарци на овие избори го добија она што го заслужуваат, Саша е избран во првиот круг. Тука сум за соработка и совети, изјави Жерновски.
Новиот градоначалник Богдановиќ најави дека една од првите работи со што ќе се зафати е ревизија на Скопје 2014.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните
-

МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
