Богданка Кузеска: Изборите да се одржат во првиот можен рок, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ нема да избегаат од изборен пораз
Сите параметри и официјални податоци од надлежните институции покажуваат дека епидемијата е ставена под контрола и дека создадени се услови за одржување на предвремените парламентарни избори согласно протоколите за заштита.
Тоа не сакаат да го прифатат Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, зошто знаат дека нивната неодговорност и деструктивност им гарантира изборен пораз.
Дека има услови за одржување на изборите, говори и позитивниот одговор на ОБСЕ/ОДИХР дека се подготвени да продолжат со набљудувачката мисија на парламентарните избори во Република Северна Македонија.
СДСМ како одговорна партија во овој важен период има три приоритети -заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и функционални институции, како гарант на демократијата.
Токму затоа сметаме дека предвремените парламентарни избори треба да се одржат во првиот можен термин, а предизборната кампања и гласањето да бидат усогласени со заштитните протоколи.
ДИК по крајот на вонредната состојба, треба да ги заврши обврските и во рок од 22 дена да се одржат изборите.
СДСМ нема да дозволи неодговорен политичар како Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да ги попречат демократските процеси и вештачки да создадат криза. Тие едноставно не сакаат државата да оди напред.
Избори мора да има поради здравјето на граѓаните, поради трансформација на нова економија, поради институциите кои треба да им служат на граѓаните во оваа држава.
Ново на Сител
-
Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“