Богата понуда на 10. Интернационален театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“

Актерската екипа од Општински народен театар „Невена Коканова“ од Дупница, Бугарија, со претставата „Хотел меѓу овој и оној свет“ синоќа ја насмеа до солзи кривопаланечката публика во преполната сала на Центарот за култура. Претставата на Ерик Емануел Шмит во режија на Валентин Балабанов беше изведена на втората фестивалска вечер на фестивалот.
- Програмата е богата и разновидна. Покрај седумте претстави на театри од Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска вклучува и повеќе промоции на книги со театарски жанр, како и изложби на фотографии со сценски мотиви, изложба на театарски плакат и промоција на млади надежни актери, информираат од Организацискиот одбор на фестивалот.
На првиот ден од фестивалот, 15 септември, во Градскиот музеј Крива Паланка беше промовирана книгата „Театарски сновиденија“ - театарски критики во стих од Тодор Кузманов. Вечерта се одржа ретроспективна изложба на театарска фотографија и плакат од Стојанче Величковски. На првата фестивалска вечер настапи Театар „Комедија“ од Скопје со претставата „Жена ми се вика Борис“.
Денесла, на трет ден од фестивалот, во Градскиот музеј ќе биде отворена изложба на фотографии на примабалерината Зорица Пуровска-Велевска, насловена „Божја искра“, а ќе биде изведена и претставата „Примадони“ на Југоарт-продукција од Белград.
Утре од 12.30 часот во Градскиот музеј ќе биде промовирана книгата „Крилести одаи“ на Јоана Шишкова, а вечерта ќе настапи градскиот театар „Јоза Ивакиќ“ од Винковци, Хрватска, со претставата „Три трети тримесечја“.
До крајот на фестивалот ќе бидат извеени и претставите: „Лет над кукавичјото гнездо“ на Драмски театар-Скопје; „Херој на нацијата“ на Народен театар „Стерија“ од Вршац, Србија „Секс-бомба“ на Агенција „Призор плус“ од Белград, Србија; „Да ја убиеме бабата“ на театарот „Солзи и смеа“ од Софија,, а фестивалот ќе заврши со настап на младите кривопаланечки актерски таленти од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ со претставата „Јас повеќе не судам, тие ми пресудија мене“ во режија на професорките по макеоднски јазик Зорица Давитковска, Елена Јакимовска и Даниела Стојмировска.
Ќе биде промовирана и збирка три драмски текстови „Со вкус на овошен сладолед“ од Трајче Кацаров.
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
