Бод за македонската репрезентација од гостувањето во Фарски острови
Македонската фудбалска репрезентација одигра попладнево 1-1 против Фарски острови на гостински терен во воведниот натпревар од новата сезона во Ц дивизијата во Лигата на нации.
Натпреварот во Торашвн почна непријатно за избраниците на селекторот Благоја Милевски, откако капитенот на Фарски острови. Вилјормур Давидсен, им донесе водство на домаќините од пенал во 9 минута.
Македонскиот состав во продолжението на првото полувреме беше немоќен да ја пробие домашната одбрана, а единствената шанса пред противничкиот гол ја имаше Дарко Чурлинов.
Израмнувањето, сепак, дојде на идентичен начин на почетокот на вториот дел кога капитенот Енис Барди беше прецизен од белата точка во 49 минута.
Македонија презеде целосна доминација на теренот во продолжението, но Лирим Ќамили, Бојан Миовски, Бојан Димовски и Чурлинов пропуштија идеални шанси за гол.
Ова беше седми натпревар во низа на кој македонската репрезентација не успеа да забележи победа, а следен противник на во рамки на групата Ц4 ќе биде Ерменија во вторник во Скопје.
Ново на Сител
-
Празнична акција на фондација Елеуса, поделени над 200 хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за обединување околу стратешките цели
-
Преглед на вестите од светот
-
Традиција од Рим за први јануари
-
Новогодишно капење во Барселона
-
Среќна Нова 2025 Година
-
Спекакуларни прослави за новогодишната ноќ