Бочварски: Отвораме широка дебата за Законот за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти
Министерството за транспорт и врски соопшти дека ги почна консултацииите со релевантните институции и асоцијации во однос на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти. Министерот Благој Бочварски денеска имаше работна средби со Асоцијацијата на архитекти, а учествуваше и на дебатата за овој закон што ја организираше Антокорупциската комисија.
Министерството информира дека на средбите се разговараше за измени и дополување на Законот во насока на подобрување на делови од законското решение и ставање во правна рамка на нелегалните објекти пред повторно Законот да се разгледува во Собранието и дека биле понудени дополнителни предлози на законското решение со цел подбрување на условите за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти.
– Како што најавив, веќе ја отворивме стручната дебата околу Законот за утврдување правен стстус на бесправно изградените објекти. Денеска имавме одлична средба со Асоцијацијата на архитекти, а учествува и на јавната расправа во организација на ДКСК. Се дадоа предлози во насока на подобрување на Законот и во следните денови сите предлози детално ќе ги разгледаме и ќе ги усогласуваме заеднички. Нашата намера е преку оторена дебата со сите заинтересирани страни, ЗЕЛС, граѓански здруженија и асоцијации, пратенички групи, да го подобриме законското решение и да понудиме подобри и фер можности за утврдување правен статус на бесправно изградените објекти, истакна министерот Бочварски.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети