Бочварски: Го развиваме дојранскиот регион, започнува реконструкцијата на три патишта во општина Дојран
![]()
Вложуваме преку 30 милиони денари за подобрување на локалната патна мрежа во Дојран, обезбедуваме регионален раст и развој и подигнување на туристичкиот потенцијал на дојранскиот регион, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска беше во работна посета на општина Дојран.
![]()
Министерот Бочварски остварил средба со градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, со кој го потпишале договорот за реконструкција на три локални патишта во Дојран, за чија инвестиција обезбедени се средства од централната власт преку Проектот за поврзување на локални улици и патишта.
![]()
– Денеска заедно со градоначалникот Ангов го потпишавме договорот за реконструкција на три локални патишта кои општина Дојран ги означи како приоритетни и тоа во населените места Црничани, Николиќ и Фурка. Преку Министерството за транспорт и врски за овие 3 локални патишта обезбедивме речиси 26 милиони денари. Постапката за избор на изведувач е завршена, изведувачот е спремен со механизација да започне со градежни активности во секој момент. Го развиваме Дојран и околината, го подобруваме квалитетот за живот на граѓаните, но најважно од се го подобруваме и туристичкиот потенцијал на целиот регион, изјавил министерот Бочварски, стои во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
![]()
Градоначалникот на Дојран, Ангов нагласил дека е од големо значење средствата и поддршката што ја добиваат од централната власт.
– Ние и во претходниот период работевме на неколку места во Дојран, реализиравме проекти со средства од Владата. Сакам да потенцирам дека поддршката продолжува, соработката со Министерството за транспорт и врски е одлична, така ќе биде и во целиот нареден период, бидејќи само така заеднички можеме да постигнеме повеќе за нашите граѓани и за Дојран, изјавил градоначалникот Ангов.
![]()
Во рамки на посетата министерот Бочварски и градоначалникот Ангов извршиле увид и во реконструкција на водоводниот систем во населеното место Фурка.
Ново на Сител
-

ФФМ покрена дисциплинска постапка против Вардар за недоличната прослава на титулата
-

Два големи шумски пожари горат во јужна Калифорнија
-

Илон Маск ја загуби тужбата против „ОпенАИ“ и извршниот директор Сем Алтман
-

Македонец шверцувал 850 грама златна плочка во кондура на Богородица | ФОТО
-

Ешбурн, град што го поврзува светот
-

Николоски на „Фејсбук“: Одлична вест за македонските транспортери
-

Приведен дилер од гостиварско за издржување затворска казна, спроведен е во затвор за издржување на казната
-

Руската армија најави тридневни воени вежби за ракување со нуклеарно оружје
