БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
Според Германската разузнавачка служба (БНД) коронавирусот, што пред пет години се прошири низ светот и го блокираше животот во многу земји, потекнува од лабораторија во Вухан, Кина.
- БНД поседува јасни докази дека вирусот Сарс-КоВ-2 потекнува од Институтот за вирологија во Вухан, објавија германски и швајцарски медиуми.
БНД уште во 2020 година имала докази дека коронавирусот се проширил низ градот, а подоцна и низ целиот свет поради „лабораториска несреќа“. Резултатите од истражувањето на БНД ги знаела и тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, која според пишувањата на медиумите, го спречила објавувањето на овие податоци, а истото го направил и нејзиниот наследник Олаф Шолц.
Портпаролката на германската Влада денеска одби да ги коментира медиумските написи, со образложение дека Владата не ја коментира јавно работата на тајните служби.
Швајцарскиот весник „Ноје цуерихер цајтунг“ (Neue Zuericher Zeitung) објави дека податоците со кои располага БНД биле дадени на вештачење на група научници. Иако официјалните резултати од вештачењето не се објавени, научниците наводно сè уште се поделени околу теоријата за потеклото на вирусот.
Според експертите недостасува „конечниот доказ“ дека вирусот потекнува од лабораторија. Добар дел од нив веруваат дека вирусот се пренесувал од животинските фарми на луѓето.
- Кинеските научници имаат механизми да обезбедат докази дека вирусот е од природно потекло, но досега немаат објавено ниту една студија што би го докажувала тоа, наведе еден од најпознатите германски виролози, Кристијан Дростен.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци