БМВ за секој од фудбалерите на Лестер

Вишај Шриваданапрабха, сопственикот на клубот Лестер, актуелниот англиски фудбалски шампион, подари на секој од фудбалерите по едно блескаво БМВ и-8.
Волшебната бајка на популарните „лисици“ продолжува! Таjландският милиjардер им врaчи клучеви од автомобил на сите 19 играчи. Цената на едно такво БМВ е 125.000 evra. Сите тие имаат подеднакво важен удел во освојувањето на шампионската титула во Премиер лигата минатата сезона.
Без подарок останаа само четворица фудбалери коишто летово го напуштија тимот. Н`Голо Канте замина во Челзи, Андреј Крамариќ во Хофенхајм, Џозеф Доду во Глазгоф Ренџерс, а Јоан Беналуан во Фиорентина.
Букмејкерите не веруваат дека Лестер ќе успее да го одбрани трофејот, па предноста и шансите им ги препуштаат на „поголемите“ и позвучните Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челси и Арсенал. Се чини, најзадоволен од тоа е тренерот на „лисиците" Клаудио Раниери. Тој и лани тврдеше дека неговиот тим нема шанси да дојде до титулата, но Лестер речиси постојано беше на врво што на крајот конечно и го освои. Така тој не дозволи притисокот да ги проголта фудбалерите.
Раниери изјави дека целта на Лестер во претстојната сезона е да освои барем 40 поени, со што, како што се верува, клубот ќе остане член на првата англиска Премиер лига.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
