Блумберг ќе ја продаде компанијата доколку биде избран за претседател на САД
Мајкл Блумберг, кој се натпреварува за демократска претседателска номинација, ќе ја продаде својата истоимена медиумска компанија доколку во ноември биде избран за американски претседател, потврди вчера неговиот изборен штаб.
Постојано расте популарноста на Блумберг во анкетите и тој за првпат вечерва ќе се појави на дебата во Лас Вегас.
Поранешниот градоначалник на Њујорк и претходно има кажано дека доколку биде избран за претседател веројатно ќе ја продаде „Блумберг ЛП“, компанијата за финансии и за вести, што неговиот штаб вчера и официјално го потврди.
-Доколку биде избран за претседател Мајк ќе ја продаде компанијата, изјави неговата портпаролка Галија Слајен.
Блумберг, кој синоќа се квалификуваше за неделнава претседателска дебата на демократите во соузната држава Невада, на која за првпат ќе им се спротивстави на соперниците за кандидатурата за претседателските избори кон крајот на годината, поседува мнозински удел во компанијата што ја основа во 1981 година.
Денешната дебата ќе биде девета од почетокот на борбата на демократските кандидати за претседателските избори на 3 ноември, на која ќе му се спротивстават на актуелниот претседател, републиканецот Доналд Трамп.
Блумберг во трката за номинација влезе подоцна од другите кандидати, а неговата популарност во анкетите постојано расте со стотиците милиони долари што ги вложува во кампањата.
Проценките се дека 78-годишниот Блумберг е „тежок“ околу 60 милијарди долари. На изборите за градоначалник на Њујорк во 2001 и 2005 година тој како долгогодишен демократ премина во редовите на републиканците, за потоа да стане независен, и на крајот повторно да се врати кај демократите.
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна