Живот
12. јуни 2020 - 11:29

Побезбедно е да се прегрнете отколку да се ракувате во време на корона, советува белгиски епидемиолог

Во многу земји ширум светот, мерките се опуштени и ефектите на коронавирусот се намалени.

„Д-р Марк Ван Ранст, епидемиолог од Универзитетот во Белгија смета дека откако ќе се укинат мерките и кога животот ќе се врати во нормала, можеби побезбедна опција за поздравување би било да се прегрнеме, отколку да се ракуваме. Тој тврди дека контактот од кожа на кожа е најопасната варијанта на поздравување пренесува „Мирор“.

Ако ме прашате, на луѓето им е дозволено да се прегрнуваат. Ако зборуваме за контакт кожата-на-кожа, тоа го зголемува ризикот од ширење на вирусот. Само помислете, рацете доаѓаат во контакт со другите и надворешното опкружување, што ја зголемува можноста вирусот да се шири. Треба да продолжите да избегнувате да се ракувате со голем број луѓе, како што се случува, на пример, на конференциска маса. Сепак, јас не советувам да го заменам со гушкање. Задржете прегратка за луѓето со кои сте особено блиски“, открива д-р Ван Ранст.

Сепак, не сите се согласуваат со мислењето на епидемиологот од Белгија и тие веруваат дека е важно да се продолжи да се одржува растојание со луѓето.