Близок соработник на Меркел се противи на нова „Голема коалиција“
Висок претставник на Христијанско - демократската унија (ЦДУ) предводена од канцеларката Меркел бара партијата да не влегува во нова „Голема коалиција“ составена од најголемите германски партии по следните избори закажани за втората половина на наредната година.
Според Фолкер Каудер, шеф на парламентарната група на ЦДУ во Бундестагот, граѓаните се уморни од постојани коалиции меѓу најголемите партии што најдобро може да се види во случајот со Австрија, каде кандидатите на двете најголеми партии беа елиминирани во првата рунда на претседателските избори.
„Постојаните големи коалиции ги уморија австриските граѓани. Мора да го избегнеме тоа во Германија“, изјави Каудер за весникот „Зи Дојче цајтунг“.
Двете најголеми германски партии и покрај постојаниот пад на рејтингот, се уште, имаат доволен процент поддршка (53 - 55 отсто) за да формираат нова влада по следните избори, иако не се исклучува дека ЦДУ како најсилен политички субјет би можела да влезе во коалиција со Зелените и Слободните демократи (ФДП), доколку тие освојат доволен број пратеници.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација