„Блиска средба“ на руски и американски воен авион над Црно Море
Руски авион Су-27 вчера пресретна извидувачки авион на американската морнарица „Локид“ ЕП-3Е во меѓународниот воздушен простор над Црно Море, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека воздушната контрола вчера забележала неидентификувана воздушна закана во близина на неутралните води на Црно Море, која се приближува до воздушниот простор на Руска Федерација.
Авионот ловец Су-27 полета од најблискиот аеродром и се доближи до метата која ја идентификуваше како извидувачки авион ЕП-3Е Арес на американската морнарица, се посочува во соопштението од руското Министерство за одбрана.
Американската морнарица пресретнувањето на авионот го оцени како „небезбедно и непрофесионално“.
Си-Ен-Ен повикувајќи се на неименувани извори објави дека средбата помеѓу двата авиона траела околу 25 минути, а рускиот авион прелетал пред американското летало поради што американскиот екипаж почувствувал турбуленции за време на летот.
– Су-27 и вторпат прелета пред авионот на американската морнарица и предизвика вибрации на американскиот авион, наведе Си-Ен-Ен.
Експертите за сега не успеаја да проценат колку се доближил рускиот авион ниту дали бил вооружен.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица