-->
-->
Блинкен: Србија да остане доследна на одлуката да биде домаќин на Европрајд
-->
Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен ја повика Србија да дозволи одржување на Европрајд.
Тој на Твитер напиша дека „слободата на мирен собир и изразување е суштинска компонента на здрава демократија“. „Ја повикуваме Србија да остане доследна на одлуката да биде домаќин на Европрајд 2022 година. ЛГБТКИ+ правата се човекови права“, подвлече Блинкен.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Европрајд треба да биде одложен или откажан, додека Владата на Србија соопшти оти во овој момент не постојат услови за безбедно одржување. Европрајд требаше да се одржи од 12 до 18 септември во Белград.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер