Блинкен пристигна во Израел
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Израел во обид да го засили дипломатскиот притисок за постигнување на договор за прекин на огнот во Појасот Газа.
Претходно, портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател изјави дека Блинкен ќе ги продолжи интензивните дипломатски напори за да се избегне ескалација во регионот или какви било други дејства што би можеле да го поткопаат финализирањето на договорот.
Тоа е деветта посета на Блинкен на Израел од 7 октомври 2023 кога почна војната помеѓу Израел и Хамас.
Предвидено е Блинкен утре да се сретне со израелскиот премиер и претседател Бенјамин Нетанјаху и Ицак Херцог, како и со министерот за одбрана Јоав Галант.
Блинкен на 19 август ќе отпатува за Египет.
Посетата на Блинкен уследи откако на 15 и 16 август во Доха се одржаа мировни преговори, на кои не присуствуваа претставници на Хамас. Израелските преговарачи разговараа за прекин на огнот во Појасот Газа со катарски, египетски и американски посредници. Додека Хамас соопшти дека не ги прифаќа „новите услови“ за примирје и го осуди „американскиот диктат“.
Според заедничкото соопштение, дводневните разговори во главниот град на Катар, Доха биле конструктивни. За следната недела најавена е уште една средба на посредниците во Каиро.
Хамас не присуствуваше во Доха со образложение дека преговорите му овозможува на Израел да наметне нови услови и да изврши повеќе масакри.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Куба
-
Македонските ракометари поразени во Литванија
-
Кога една остварена цел, отвора можност за нова | Славјанка Петровска | Sitel Podcast 069
-
Манчестер јунајтед има три победи и едно реми по отпуштањето на Тен Хаг
-
Пуштено на домашно лекување момчето тешко повредено при пукање во Арачиново
-
Само 23 отсто од Французите го поддржуваат Макрон
-
Ревија на стари автомобили се одржа во Тетово, најстар беше „Фиат“ од 1932 година
-
Релево: Реал сака да го ангажира Лапорта во зимскиот трансфер прозорец