Блинкен: Одлуката на Кина да испрати оружје во Русија ќе ги загрози односите со САД
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека одлуката на Кина да испрати оружје во Русија ќе има „сериозни последици“ за односите меѓу двете велесили.
- Постојат различни видови на смртоносна помош што Пекинг размислува да ги испрати, што вклучува оружје, рече Блинкен во интервју за Ен-Би-Си, додавајќи дека Вашингтон наскоро ќе објави повеќе детали за тоа.
Блинкен и високиот кинески дипломат Ванг Ји се сретнаа вчера на маргините на безбедносната конференција во Минхен, неколку часа откако Ванг рече дека Вашингтон постапил „хистерично“ при соборувањето на кинескиот балон.
Ванг му рекол на Блинкен дека САД мора „да се соочат и да ја решат штетата“ на билатералните односи „предизвикана од неселективна употреба на сила“, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.
Американските власти соопштија дека досегашната анализа на остатоците од големиот кинески балон што беше соборен на 4 февруари кај брегот на Јужна Каролина го потврдува заклучокот за шпионажа.
Се појавија прашања за тоа дали Блинкен и Ванг ќе ја искористат конференцијата во Минхен како можност лично да се ангажираат за поправање на односите меѓу двете земји, при што Стејт департментот само потврди дека се одржала едночасовна средба.
Во интервју за Ен-Би-Си, Блинкен рече дека Ванг не се извинил за кинескиот балон што влегол во воздушниот простор на САД.
- Му кажав многу едноставно дека тоа е неприфатливо и дека никогаш повеќе не може да се случи. Немаше извинување, рече Блинкен.
Ново на Сител
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб
-
Убиецот на Емилија го призна делото, обвинителството бара доживотна казна затвор
-
Експертите бараат брза реакција од надлежните за побезбедни патишта
-
Нов шеф доби Вишото јавно обвинителство во Скопје, Хајрулахи е се уште суспендиран
-
Откриени високи маржи кај маркетите и увозниците, извештајот на Пазарна утре на владина седница