Свет
9. January 2022 - 12:01

Блинкен и Борел разговараа за безбедносните предизвици

– Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел за актуелните безбедносни прашања.

  „Секретарот Блинкен ја потврди својата посветеност за зајакнување на соработката меѓу САД и ЕУ и укажа на заедничките предизвици, се вели во соопштението на Стејт департментот. Блинкен ја нагласил важноста од координирана акција со цел „да се заштити суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“ и повтори дека „секоја натамошна руска агресија против Украина ќе резултира со остра реакција“. Двајцата функционери разговарале и за, како што се наведува, „загрижувачкиот политички притисок и економската принуда што НР Кина ги врши врз Литванија“.