-->
-->
Блинкен: Доколку Зеленски биде убиен, Украинците имаат план за „континуитет на владата“
-->

Украинците имаат план за „континуитет на владата на овој или оној начин“, доколку претседателот Володимир Зеленски биде убиен, рече американскиот државен секретар, Ентони Блинкен во интервју за „Си-Би-Ес“, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Украинците имаат планови, во случај за кој нема да говорам ниту да навлегувам во детали, да обезбедат континуитет на владата на овој или на оној начин и ќе останам на ова, истакна Блинкен.
Тој, исто така, го пофали Зеленски за начинот на кој ја води земјата низ целата криза.
„Лидерството што го покажа Зеленски, целата влада се покажа како исклучителна, тие се олицетворение на исклучително храбриот украински народ“, оцени Блинкен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
