Блинкен: Американските државјани веднаш да ја напуштат Русија
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги повика американските граѓани веднаш да ја напуштат Русија.
Предупредувањето се однесува на американски државјани кои престојуваат или планираат да патуваат во Русија.
„Длабоко сме загрижени поради руската објава дека американски новинар е уапсен. Највисок приоритет на Стејт департментот е безбедноста на граѓаните во странство“, напиша Блинкен на својот профил на Твитер.
Руската служба за безбедност (ФСБ) го приведе Еван Гершкович, новинар на американскиот весник „Вол Стрит Журнал“ (Wall Street Journal), под обвинение за шпионажа.
Според ФСБ, Гершкович „по инструкции на американската страна, собирал информации што се третираат за државна тајна за активностите на едно од претпријатијата на рускиот воено-индустриски комплекс“.
На новинарот, кој е уапсен во уралскиот град Екатеринбург, му се заканува казна до 20 години затвор.
Ново на Сител
-

Дебарчанец почина откако паднал од зграда каде работел
-

Одрон на автопатот Скопје - Велес, поплави во Крушевско и забрана за камиони на патот Струга – Ќафасан
-

Приведени две Бугарки во Скопје, краделе паричници и банкарски картички, успеале да одземат околу 134,000 денари
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, сите правци проодни
-

Мицкоски: Наш приоритет не се изборите, туку реформите и проектите
-

Николоски: На ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој
-

Лидерот на опозицијата во Гренланд повика на директни преговори со САД за статусот, без Данска
-

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари
