„Блиц“: Николиќ ќе може да ја посети Хрватска, кога Србија ќе реши барем едно прашање
Србија мора да реши барем едно од отворените прашања, како што се исчезнатите и враќањето на имотот, со цел претседателот на Србија Томислав Николиќ да може да дојде во Загреб, изјавија за „Блиц“ претставници на кабинетот на хрватскиот претседател Колинда Грабар Китаровиќ.
Условите на претседателката на Хрватска за состанок со шефот на српската држава се решавање на прашањата на исчезнатите во војната, враќањето на имотот, културното богатство и архивскиот материјал, како и проблемот на границата на Дунав, нагласија од кабинетот на Грабар Китаровиќ
Откако вчера „Јутарњи лист“ објави дека посетата се одложува поради барањето на Николиќ папата да го стопира процесот на канонизација на кардиналот Алојз Степинац, соработниците на хрватската претседателка велат за „Блиц“ дека „не е можно да биде одложено, нешто што не било договорено“.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени