Loading Video...
Фудбал
19. August 2018 - 19:08

Блесок на Агверо и Манчестер Сити

Фудбалерите на Манчестер Сити  покажаа дека тешко ќе се откажат од шампионската титула  и на мечот со Хадерсфилд кој го добија убедливо со 6-1.

Граѓаните делуваа убедливо и моќно и уште во првиот дел набрзина дојдоа до предност од 3-0 што беше недостижно за гостите иако во финишот на полувремето постигнаа почесен погодок.

Кун Агверо беше главната ѕвезда на мечот со три погодоци додека по еден постигнаа Хесус и Силва заедно со автоголот на Конголо.