Блесна новогодишната елка во водите на Охридското Езеро
Десетина нуркачи од Нуркачкиот центар „Амфора“, Клубот за подводни активности „Охрид“ и Сојузот за подводни активности на Македонија денеска традиционално, 14. пат ја украсија елката во водите на Охридското Езеро.
Традицијата на украсување на новогодишното дрво под вода продолжува, како своевидна атракција за посетителите на Музејот на вода во Заливот на коските кај Градиште, каде е и сместена елката која се гледа од брегот.
Зоран Мирчевски од Нуркачкиот центар „Амфора“ изрази задоволство што нему му беше дадена честа тој оваа година да ја има улогата на Дедо Мраз под вода.
- Ја користам оваа прилика да ги поздравам сите свои колеги нуркачи, сите граѓани на Република Македонија и да им посакам се најубаво во Новата 2016 година, изјави за Мирчевски.
Елката е поставена на длабочина од три метри и е накитена со украси и лампиони, посебно подготвени за да изглегаат што поприродно во специфичниот подводен амбиент.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите