-->
-->
Блатер: Платини и Саркози се виновни што Катар го доби СП 2022
-->

Поранешниот француски претседател Никола Саркози и претседателот на УЕФА, Мишел Платини се директни виновници што Катар, а не САД, ја доби организацијата на Светското фудбалско првенство во 2022 година, тврди суспендираниот прв човек на ФИФА, Сеп Блатер.
Според Блатер, како шѕо објави францускиот весник „Фигаро“, било договорено САД да ја добие организацијата, но во последен момент двајцата Французи ја смениле тактиката.
- Во 2010 година разговаравме за светските првенства и донесовме две одлуки, во 2018 година домаќин да биде Русија, бидејќи никогаш немало Светско првенство во источна Европа, а во 2022 година Мундијалот да се врати во Америка. Така ќе имавме Светски првенства во двете најмоќни земји во светот. Се беше во ред до моментот кога тогашниот француски претседател Никола Саркози не се сретна со катарскиот принц. Веднаш потоа на ручек, Платини ми рече дека би било добро Светското првенство да оди во Катар. И тогаш се се промени. При гласањето, четирите европски гласа отидоа кај Катар наместо кај САД и резултатот беше 14-8. Да немаше промени, ќе беше 12-10 за САД и никој сега не би зборувал за проблемите во ФИФА, изјави Блатер
Доделувањето на организацијата на СП во 2022 година на Катар беше причина за истрага на американските власти во ФИФА, по што на површина излегоа и други криминални активности на светската куќа на фудбалот, а Блатер ја загуби челната позиција во Федерацијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
