Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
Благодатниот оган се спушти на Велика сабота во пресрет на Воскресението Христово, во црквата на Светиот гроб (црквата „Воскресение Христово“) во Ерусалим, пренесоа светските агенции.
Благодатниот оган се спушта во Кувуклијата – параклисот над Светиот гроб во црквата „Воскресение Христово“ или црквата на Светиот гроб, мермерна капела над пештерата на Светиот гроб, каде што според легендата, бил погребан Исус Христос.
Благодатниот оган ја симболизира светлината на Воскресението Христово, верниците го сметаат за светилиште.
Пред спуштањето на огнот, Ерусалимскиот патријарх Теофил III, заедно со претставници на Братството на Светиот гроб, монаси од Ерусалимската православна црква, трипати со велигденски песнопенија ја обиколија Кувуклијата, по што заедно со претставник на Ерменската апостолска црква, тој влезе внатре и почна да се моли.
Црквата на Светиот гроб, како и обично на Велика Сабота, беше исполнета со верници. Поради зголемените безбедносни мерки, воведени се и ограничувања за влез во црквата – внатре биле пропуштани само иматели на пропусници издадени од црковни организации. Стотици полицајци го одржуваат редот на улиците на Ерусалим, а пристапот до античкиот дел на градот е ограничен
Ново на Сител
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра