Македонија
6. December 2024 - 21:19

Бизнисот предложил ДДВ-то од 18 да скокне на 19,5%

Повисоко ДДВ, само за да не се оди покасно во пензија. Наместо 18, данокот на додената вредноста да се зголеми на 19,5%. Ваков предлог добил премиерот Мицкоски од бизнис заедницата, за да се полни буџетот и со тие пари да се покрива дупката во ПИОМ. Мицкоски дециден – предлогот за зголемување на старосната граница и даночната стапка за пензиско , не се прифатливи. Но за зголемување на ДДВто, ќе се прави анализа.

Да не биде 18 туку да биде 19,5%. Секакви идеи има. Ние треба да ги ставиме сите аргументи на маса, да направиме една жестока анализа, да видиме што добиваме, што губиме и дури потоа да носиме одлуки – рече премиерот Мицкоски.

Данокот на додадена вредност се пресметува и се плаќа во сите фази на производството и трговија, како и во целокупниот услужен сектор. Од Фискалниот совет деновиве изјавија дека состојбата во ПИОМ е неодржлива на долг рок. Ако не се прифатат нивните предлози, владата ќе мора да ги зголеми даноците.

Од буџетот следната година ќе се префрлат 850 милиони евра само во фондот за пензиско. За исплата на пензии пак, потребни се милијарда и 600 милиони евра. Бројот на пензионери секоја година во просек се зголемува за 1,700 лица, додека трендот на емиграција на младите од година во година расте, со што се намалуваат приливите од придонеси. 

Во моментов старосната граница за пензионирање е 62 години за жени и 64 години за мажи и најмалку 15 години стаж. Просечната пензија изнесува нешто над 21000 денари.