Македонија
10. October 2018 - 15:58

Битолската градоначалничка Петровска се сретна со германскиот амбасадор Герберих

Германскиот амбасадор Томас Герберих за време на денешниот престој во Битола се сретна со градоначалничката Наташа Петровска и разговараа за инвестициите на германските компании во таа општина.

Од секторот за односи со јавност на општина Битола информираат дека амбасадорот се интересирал и за соработката во сферата на високото образовние и за одржувањето на историските споменици во Битола каков што е споменикот Германски гробишта, масовна гробница на загинатите војници од првата светска војна.

Амбасадорот Герберих присуствуваше и на одбележувањето на јубилејот 25 години од формирањето на германско-македонското друштво за соработка кое под претседателство на битолчанката Валентина Илиева, работи во овој град.