Фудбал
4. October 2016 - 13:54

Битолчанката Ана, девојка за која се говори во САД

Ана  Зиковска  е битолчанка , родена  1993 година, девојка која за неполна година ги освојува срцата на љубителите на боксот во САД откако успеа да триумфира на државниот боксерски турнир во Њу Џерси „Дијамантски ракавици“  во категоријата до 60 килограми. 
Сторијата за Ана која е студент на архитектонскиот факултет во Њу Џерси е извонредно интересна бидејќи од својата 10-годишна возраст  се до наполнети 20 години се занимава со ракомет и е голман во Првата и Супер лигата на Македонија. 
Од минатата година се посветува на боксот каде демонстрира извонреден талент и за неполна година  доаѓа до шампионската титула со што и се отвора убава кариера.