Битолчани збеснаа, Битола на Гугл претставена со нацистички знамиња
Битолската улица „Кирил и Методиј“ на новиот сервис Гугл Стрит Вју осамна со фотографии на кои се гледаат нацистичките знамиња со кукасти крстови, што предизвика забуна и реакции на социјалните мрежи во Македонија.
Имено, камерите на Гугл снимале низ Битола во декември минатата година кога таму се снимаше филмот на Раде Шербеџија, „Ослободувањето на Скопје“, а знамињата со кукасти крстови како и бугарските знамиња се дел од филмската сценографија.
Локалните власти од Битола веднаш се обратија на интернет сервисот со барање фотографиите од улиците на кои се виори знамето на Третиот Рајх да бидат отстранети, а од Гугл наводно им порачале дека барањето ќе им биде разгледано. Сервисот „Гугл стрит вју“ за Македонија е достапен од вчера, а корисниците од целиот свет сега ќе можат виртуелно да се движат низ македонските улици.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса