Македонија
11. December 2022 - 11:23

Битолчанец возел мортус пијан: Дрегерот покажал 2.04 промили

Полицијата на територија на СВР Битола вчера и утрово во период од 22 до 4 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Санкционирани се 54 возачи, информира Министерството за внатрешни работи.

-Од нив 45 се на територија на Прилеп, шест во Битола, двајца во Ресен и еден возач во Демир Хисар. За време на контролата санкционирани се и 54 други прекршоци, додаваат од МВР.

Акциските контроли, како што соопштија продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.