Македонија
8. May 2022 - 16:58

Битолчанец со остар предмет се заканувал на неговата мајка и неговиот брат

Полициски службеници од СВР Битола на 07.05.2022 во 10.00 часот во Битола го лишиле од слобода Н.П.(34) од Битола затоа што со остар предмет се заканувал на неговата мајка и неговиот брат, информираат од МВР.

Напаѓачот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.