Битолчанец пукал кон куче, а погодил такси возило
Педесетгодишен таксист од Битола вчера напладне едвај спасил жива глава откако битолчанец во Горно Оризари, наводно стрелајќи во куче со пушка, го погодил и оштетил такси возилото, кое било паркирано додека чекал патници во населбата.
Таксистот, најпрво слушнал истрел, а потоа видел дека куршумот завршил во неговиот автомобил, а тој за среќа минал без повреди. Веднаш случајот го пријавил во полиција.
Полициските службеници по претходно добиена судска наредба поради сомнение за строено кривично дело предизвикување општа опасност, извршија претрес во домот и други простории на М. Од Битола, при што пронашле и одзеле една малокалибарна пушка и 9 куршуми.
По извршените оперативни проверки, криминалистичката полиција го лишила од слобода битолчанецот, кој го признал кривичното дело, а во службениот разговор изјавил дека пукал во куче.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
