Битиќи: Пратениците треба да си ја работат својата работа како сите други во државата
Петтиот пакет економски мерки за справување со последиците од ковид кризата е донесен за граѓаните и тоа што треба да го направат пратениците за неговото донесување е да си ја работат работата како и сите други во државата, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
-За жал, Законот за финансиска поддршка на плати е предаден во Собрание на 16 февруари и се уште не е закажана пленарната седница за да може да ги помине комиските расправи. Вчера побарав да го прават тоа што би го правеле за своите деца за да не останат некои други деца без храна зашто некој не го прави тоа за што е платен и за тоа што е избран, рече Битиќи во одговор на прашање при денешната презентација на Оперативниот план за активни програми и мерки 2021 година.
За жал, посочи, ние не можеме како порано со уредби да ги носиме потребните законски измени за да можат да станат оперативни мерките и ќе мора час поскоро тоа да го направи Собранието.
Како што рече, намерно рокот за аплицирање за февруари го ставиле до крајот на март за да можат мерките од петтиот пакет да го опфатат и февруари. Најави дека постои можност преку пратениците од владејачкото мнозинство да се поднесат и соодветни амандмани за да се овозможи тоа доколку доцни донесувањето на законското решение.
Ново на Сител
-
УЈП: Крајниот рок за ДДВ-04 пријавите е 25 февруари, до вчера поднесени само 25 отсто од вкупниот број
-
Ватикан: Папата Франциск имаше мирна ноќ
-
САД, наспроти европската, ќе предложат резолуција на ОН за војната во Украина
-
Утрово најстудено во Берово, најтопло во Струмица
-
Мицкоски: Македонија е верен сојузник на САД, Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди
-
Задутре онлајн состанок на европските министри за одбрана за Украина
-
Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер
-
Поднесено обвинение против три лица кои со секира искршиле и запалиле кафуле во Кисела Вода