Бизнис
9. March 2022 - 8:23

Битиќи: 200 тони нафта се продадени викендов, обично се трошат по 40 тони

Викендов во Македонија срушени се сите рекорди и продадени се рекордни 200 тони нафта од бензиските станици низ државата. Ова го истакна вчеравечер вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битќи на ТВ21.

„Владата реагираше за маржата за да спречи голем раст на цените. 200 тони нафта се продадени викендов, инаку нормално се продава по 40 тони“, рече Битиќи.

Тој рече дека нема место за паника.