Бит-пазар привремено се сели
Советот на општина Чаир на денешната седница го усвои нацртот на Деталниот урбанистички план за Градски Четврт ЦС 02 Блок 4 за целосна реконструкција и надградба на Бит- пазар.
Наскоро ќе следат јавна анкета и презентација на која сите заинтересирани физички и правни лица ќе можат да достават свои предлози и забелешки. Подоцна нив ќе ги разгледува Стручната комисија и ќе бидат земени предвид во следните фази за развој на овој проект.
- Со новиот нацрт-план, откако ќе ги помине сите процедури, ќе се зголеми бројот на тезгите. Ќе се направи нов проект кој ќе обезбеди доволен број паркинг места со што новиот пазар ќе добие нов модерен изглед. Идејата е во новиот проект да се вклучат сите тезги кои сега се надвор од пазарот со што ќе се отвори патот кон театарот и улицата „192“. Ќе се растовари и тротоарот до трговскиот центар Мавровка. Така ќе се отвори и просторот кон Старата скопска чаршија, истакна Изет Меџити, градоначалник на Чаир.
Откако ќе завршат јавната расправа и презентација, Стручната комисија ќе достави заклучок, ќе почне постапката на предлог на Деталниот урбанистички план, кој ќе треба да добие позитивно мислење од сите инволвирани јавни и приватни институции. Потоа ќе се поднесе постапка за согласност од страна на Министерството за транспорт и врски и Советот на општината Чаир ќе донесе одлука за усвојување на Деталниот урбанистички план за Бит-пазар.
Според плановите, изградбата треба да трае една година. За да не се наруши работењето на Бит-пазар планирано е градежните зафати да се одвиваат етапно.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање