Бислимовски за Сител: Парното нема да поскапи повеќе од 5% од 1. ноември
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во своето гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител зборуваше за зголемувањето на цената на парното греење. Бислимовски истакна дека парното нема да поскапи повеќе од 5 проценти од 1. ноември, односно како што тој потенцираше зголемувањето на цената на парното греење би се движело до максимум од 50 до 60 денари на месечно ниво.
- Кога зборуваме за немање ценовни шокови знаете дека имаме висока инфлација, зголемени се материјалите за работа на сите компании, дополнително има и усогласувања во однос на минималната плата, така што јас не верувам дека ќе имаме зголемување поголемо од 5% коешто нема да претставува проблем за граѓаните во градот Скопје. Сега во овој момент тоа е најевтин начин на греење така што за еден просечен стан ако би имало зголемување тоа би се движело до максимум на месечно ниво за 50-60 денари што сметам дека не претставува проблем, изјави Бислимовски за Сител.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
