Бислимоски: Секретаријатот на ЕЗ треба да даде зелено светло за државна помош за енергетски проекти кај нас

Во време на енергетската криза не спасуваше ТЕЦ Неготино и блоковите во РЕК Битола што се стари 40 години и струја даваше ТЕ-ТО по насока од Влада за пониски цени. Нас ни се неопходни нови инвестиции за да ја обезбедиме енергетската независност, а со стратешките проекти на краток рок ефикасно ќе се реализираат неопходните енергетски проекти. Најбитниот филтер во однос на државната помош за нивна реализација согласно домашното и европското законодавство ќе го направи Секретаријатот на Енергетската заедница (ЕЗ), порачува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.
- Било која европска земја кога дава државна помош тоа го одобрува Европската комисија, но ние затоа што не сме членка на ЕУ сме потписник на Договорот за основање на Секретаријатот на ЕЗ што е тело на ЕУ надлежно за енергетика. Токму оттаму ќе се изјаснат за државната помош во делот на инвестициите за енергетиката кај нас. Треба да сме релаксирани затоа што меѓународна институција ќе се изјасни и тоа мислење ќе биде задолжително за нас со што ќе се тргнат сите дилеми, посочи Бислимоски во интервју за ТВ Сител.
Во собранието, додаде, имаме четири договори за стратешки енергетски инвестиции од вкупно 850 мегавати за електрична и 100 мегавати за топлинска енергија.
- Со тоа заедно со досегашните инвестиции кои се направени од приватниот сектор од 600 мегавати од обновливи извори Македонија за помалку од една деценија двојно ќе го зголеми производство што е практично јакнење на енергетската независност, оцени Бислимоски.
Во однос на цената за топлинска енергија што евентуално треба да ја испорачува еден од потенцијалните енергетски стратешки инвеститори доколку се реализира изградбата на когенеративната гасна електрана појасни дека во еден од анексите на договорите јасно стои дека цената за топлинската енергија ќе се пресметува согласно методологијата на РКЕ.
- Цената на топланите во Скопје е 5,2 денара, а на овие когенеративни постројки 2,5 денари. Тоа ќе се рефлектира со пониски сметки, истакна Бислимоски.
Ново на Сител
-

КИНСИВ почна истрага за падот на спортскиот авион во Мавровското Езеро
-

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола
-

Песков: Путин и Ердоган се согласија дека заплената на руски средства го загрозува меѓународниот финансиски систем
-

Трчањето во зима е корисно
-

Две лица повредeни по пад на спортски авион близу Мавровската брана
-

Мицкоски: Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани кои одлучија да заминат, полека се враќаат
-

На 15 декември се затвора трезорот за буџетски плаќања, потврди премиерот Мицкоски
-

Едногласно, Народното собрание на Бугарија ја прифати оставката на премиерот Росен Жељазков
