Бискуп Киро Стојанов: Само духовно зрел народ може да гради иднина - Да ни е вечна Македонија

Католичката црква и Католичката заедница отсекогаш опстојувала на овие простори, а со тоа несомнено е дел од создавањето на македонската посебност и конечната самостојност на Македонија. На 8 Септември во разговор за утринската програма, поглаварот на Католичката црква во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов се потсети на славниот датум, како тој го доживеа и што истото значеше за него.
За монс. Киро Стојанов, како католик, Македонец, и покрај тоа што на 8 Септември 1991 поради неговите ангажмани бил далеку од државата, настаните од плоштадот се остварување на вековниот стремеж на Македонија и заложбите на Католичката заедница на овие простори, но и на сите Македонци и народи кои се залагаа за независност.
Независноста на Македонија значеше и преструктуирање и реорганизација на Католичката црква во Македонија, која беше воздигната во посебна Бискупија, а црквата од источен обред најпрвин беше воздигната во Апостолски Егзархат, а подоцна и во Епархија, со што Ватикан ја потврдува Македонската посебност. Бискупот Киро Стојанов ја нагласи континуираната поддршка која Ватикан ја дава на Македонија која беше крунисана и со доаѓањето на папата Франциск.
Соработката на црквата и државата за монс. Киро Стојанов е како корен и стебло кое треба заедно да расте и меѓусебно соработува. Државата може да има светла иднина само доколку се гради на принципите на правда и вистина а верските заедници мора да бидат вклучени во градењето на подобра иднина, затоа што бискупот вели: „Само духовно зрел народ може да ја гради иднината на Македонија“'.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
