Бирото на ПССЕ донесе три мерки како одговор на обвинувањата за корупција во собранието

Бирото на Парламентарното сонрание на Советот на Европа (ПССЕ) ја одобри декларацијата за Комисијата за деловникот во однос на сомневањата за корупција и промовирање на интереси против некои сегашни и поранешни членови на ПССЕ. Притоа едногласно е усвоена постапка која се состои во три точки за да се справи со ситуацијата, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Прво, ревизија на Кодексот за однесување на ПССЕ, во рамките на извештајот на Јан Лидел-Гренџер од Велика Британија, кој е во подготовка, ова колку што е можно побрзо.
Второ, ГРЕКО (Групата на земји против корупцијата) треба да биде повикана да игра клучна улога на советик во комисијата на ПСЕЕ за деловникот.
Трето, треба да се содаде надворешна истражна комисија за да се расветлат темните практики кои ја фаворизираат корупцијата.
Бирото на ПССЕ го задолжи генералниот секретар на ПССЕ да изработи белешка за нацрт мандат кој може да се предвиде за група на незнависни експерти на идниот состанок на бирото на 9 март во Мадрид.
Овие три мерки, според Бирото на ПССЕ се значајни не само за да се даде одговор на различните обвинувања, но и за да се врати довербата во ПССЕ. Овие мерки исто така се од клучно значење за да се заштити угледот на членовите на Собранието, подвлече претседателот Педро Аграмунтм кој на почетокот на зимската сесија се стекна со втор едногодишен мандат како претседател на паневропската асамблеја.
Да потсетиме, во извештајот на (Европска иницијатива за стабилност) на ЕСИ за некои тековните практики во Парламентарното собрание на Советот на Европа, една од најважните институции во одбраната човековите права на планетата, објавен на 16 декември, се изарзени сомневања и бројки дека Азербејџан со своите извори на енергија, според истражувањето успеал да влијае во ставовите за човековите права на оваа европска институција со поткуп на повеќе парламентарци, членови на ПССЕ. „Корумпираните“ се од различни националности, од повеќе групи. Се зборува за подароци, кавијар луксузни часовници, слободно патување, проститутки, но исто така и големи суми на пари. Без да навлегуваме во детали (сите имиња се споменуваат во извештајот на ЕСИ). Еден од водечките парламентарците е осомничен дека влегол во „фаустовски договор“ со Азербејџан добил покрај различните нелегални бенефиции и плати, еквивалент на 2,4 милиони евра за две години. Многу пратеници, шпански, британски, полски и француски се во оваа истрага од страна на НВО, а меѓу нив и претседателот на ПССЕ е наведен меѓу главните осомничени во извештајот на ЕСИ.
Ново на Сител
-

Русија тврди дека Украина одбила прекин на огнот во Костјантинивка
-

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица
-

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза
-

Поради активност на вулканот Етна суспендиран авионскиот сообраќај на Сицилија
-

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
