Биљана Ивановска повторно директорка на кумановската општа болница
Психологот Биљана Ивановска е вратена на функцијата директор на кумановската општа болница. Во денешното соопштение до медиумите, Ивановска нагласува дека ќе се залага за реализација на проекти, набавка на современа апаратура, значајна и потребна за пациентите од североисточниот регион.
- Професионално, чесно, одговорно и легитимно продолжувам на позиција менаџер на ЈЗУ општа болница Куманово. Животот е полн со предизвици и како таков треба да го прифатиме. Во соработка со Министерството за здравство ќе ги реализираме проектите кои се дел од мојата програма, а се од исклучително значење за сите граѓани на Куманово и околните шест општини, вели Ивановска.
Таа претходно беше назначена, а после кус период беше разрешена и на нејзиното место беше поставен доктор Фати Џемаили, уролог во болницата. Кумановската јавност бурно реагираше и стравуваше дека регионот останува без единствениот уролог во јавното здравство. Нејзината смена ја потврди и министерот за здравство кој во тој период беше во посета на Куманово.
Кумановската болница е една од најголемите во државата со преку 700 вработени и пружа здравствена помош за пациентите од североисточниот дел со приближно 180.000 жители.
Ново на Сител
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Савески: Предметот „Мазут“ е во фаза на одлучување
-

Обвинителството со докази за инспекциски надзори, според одбраната тие се нерелевантни за пожарот
-

Не работеле во Институтот за јавно здравје ама си точеле бензин со картичка од ИЈЗ
