Биле пријатели во младоста, но не биле свесни за семејната тајна
Иако тешко е да се поверува дека една ваква приказна е вистинита, но таа е 100 точна.
Додека Кети растела, живеела со мајката, братот и сестрата. Сепак постоело нешто што останало скриено - семејната тајна бил идентитетот на нивниот татко.
Првпат кога дошла во контакт со својот извод било во 2001 година, кога веќе била возрасна жена и тогаш го открила името на нејзиниот татко Клифорд. Навистина сакала да го запознае и почнала да трага по него.
Му напишала писмо во кое го оставила својот телефонски број. Кога го примил писмото, тој го скрил во својата маса.
Неколку децении подоцна, Керол, ќерката на Клифорд го пронашла писмото и барала да и каже дали жената која го напишала писмото е негова ќерка. Тој и раскажал на Керол дека не е сигурен. Во тоа време му останувале 4 до 6 недели од животот зошто боледувал од леукемија. Керол сакала да ја дознае вистината и одлучила да се јави на телефонскиот број и тоа било точка од каде се се променило.
Како што подоцна се утврдило, Кети и Керол заедно оделе на училиште додека биле млади, живееле близу и биле другарки. Во еден момент дури оделе и во исто одделение, но никогаш не претпоставувале дека се сестри.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни