Билд: Непознат маж му пријде и го зграби Шолц, голем пропуст на обезбедувањето
Непознат 48-годишен маж, за кој само се наведува дека има грчко презиме, се приклучил на конвојот возила во кој бил германскиот канцелар Олаф Шолц во приватен автомобил, а кога конвојот пристигнал на пистата на аеродромот во Франкфурт, успеал да стигне до канцеларот, да го зграпчи и да го прегрне.
Како што јавува „Билд“, инцидентот се случил во средата околу 23:00 часот, само неколку моменти пред Шолц да се качи во владиниот авион.
Канцеларот штотуку го прославил 25-тиот роденден на Европската централна банка (ЕЦБ) и ја напуштил зградата на ЕЦБ заедно со министерот за финансии Кристијан Линднер, упатувајќи се кон аеродромот. Тие патувале во блиндирани лимузини, а полицајците на државната полиција на Хесен со патролни автомобили и мотоцикли го обезбедуваа владиниот конвој. Телохранителите на канцеларот седеа во два службени автомобили на Шолц.
Попатно, зад последното патролно возило одеднаш се појавил приватен автомобил. Зад воланот бил човек кој подоцна ќе тврди дека мислел дека се работи за голема семејна венчавка. Полицајците очигледно не го забележале автомобилот кој не бил дел од владиниот конвој.
Обезбедувањето на аеродромот во Франкфурт го пуштило да ја мине бариерата на патот до пистата, иако регистарската табличка не била однапред објавена како сите други. Колоната продолжила кон владиниот авион Ербас А319, пренесува „Телеграф“.
Сите членови на делегацијата – вклучително и Линднер – почнале да се качуваат во авионот, само не Шолц.
Тој имал службен телефонски разговор во неговиот автомобил, кој траел неколку минути. Канцеларот сè уште го чувале телохранители на БКА и хесенската полиција.Потоа Шолц излегол од лимузината сакајќи да и се заблагодари на полицијата и, како што често се случува, да се фотографира за спомен.
Во тој момент мажот го напуштил своето возило, ненадејно се упатил кон Шолац, се ракувал со него и го притиснал на градите. Дури кога човекот го ослободил Шолц, телохранителите ја препознале опасната ситуација.
Во тој момент сите сфатиле дека не знаат кој е овој човек, па брзо бил уапсен.
Кабинетот на канцеларот објави дека „за Олаф Шолц тоа не бил голем инцидент во конкретната ситуација, само изненадувачки топла прегратка. Во ретроспектива, станува јасно што можело да се случи“.
Германските медиуми наведуваат дека обезбедувањето на Шолц покајнички ја признало грешката и навеле дека „Ова никогаш повеќе не смее да се повтори“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист