Билд: Германија од 2-ри ноември во карантин 4 недели
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се состана со премиерите на сојузните држави на разговори за новите мерки. „Билд“ ексклузивно открива како премиерите на сојузните држави се договориле со Меркел, така што Германија ќе влезе во карантин на 2 ноември, односно во понеделник.
„Билд“ додава дека канцеларката и премиерите се договориле за нови мерки, но тие сè уште немаат никакви информации.
„Билд“ исто така известува дека канцеларката, по состанокот со премиерите на сојузните држави за новите мерки, ќе ги информира водачите на парламентарните групи во Бундестагот за сè.
Веста ја објави заменик портпаролот на владата, Мартина Фиц.
Утре наутро, Меркел ќе известува за состојбата со коронавирусот во Германија во Бундестагот.
Според „Билд“, министерот за финансии, Олаф Шолц, на состанокот изјавил дека верува и дека на Германија и требаат драстични мерки.
Кои мерки се во оптек?
Претходно денес, германските медиуми објавија дека Меркел сака да ги затвори кафулињата, рестораните, училиштата, спортските сали, музеи и кина, но „Билд“ сè уште не објави за тоа.
Според нацрт-мерките што излегоа синоќа порано, би работеле само училишта и градинки.
Продавниците може да останат отворени доколку применат строги хигиенски мерки и го ограничат бројот на клиенти, а рестораните ќе прават храна само за достава.
Според новите мерки, луѓето можеа да излегуваат само со членови на сопственото домаќинство, според текстот на предлогот за сузбивање на вирусот во Германија, во кој 14.964 новоинфицирани лица беа потврдени во вторникот наутро.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања