Билчик и Фајон: Србија да се усогласи со политиката на ЕУ и да воведе санкции кон Русија
– Европратениците Владимир Билчик и Тања Фајон изјавија дека очекуваат Србија целосно да се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ), која вклучува воведување санкции против режимот на рускиот претседател Владимир Путин поради неговата агресија врз Украина, јави дописникот на МИА од Белград.
Билчик, известувач на ЕП за Србија, и Фајон, шеф на делегацијата на ЕП за односи со Србија, во заедничка изјава рекоа дека „тоа го гледаат како важен и итен сигнал дека Србија ги поддржува принципите и вредностите на ЕУ и е посветена да работи со европските партнери за мир“.
– Единството на меѓународната заедница во спротивставувањето на агресијата на Путин врз Украина е од суштинско значење за секој обид на Кремљ да го консолидира мирот и да избегне ширење на војната. Очекуваме Србија целосно да се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и со усвоените санкции против режимот во Русија, посочија Билчик и Фајон.
Во изјавата по вчерашното усвојување на резолуцијата на ЕП за руската агресија врз Украина, Билчик и Фајон изјавија дека меѓународната ситуација „драматично се променила од минатата недела“ и дека „нема простор за попуштање пред агресорот“.
На веб-страницата на Европскиот парламент, заедно со изјавата на Билчик и Фајон, се посочува дека Владата на Србија во неделата усвоила заклучокот на Советот за национална безбедност од 25 февруари за кризата во Украина.
– Во заклучокот од 15 точки се наведува дека Русија и Украина отсекогаш биле пријателски земји за Србија и дека Србија дава целосна и принципиелна поддршка за почитување на принципите на територијалниот интегритет на Украина. Во заклучокот се наведува и дека Србија, кога станува збор за санкциите, ќе се води исклучиво од заштитата на сопствените витални економски и политички интереси, пишува во соопштението на Билчик и Фајон.
Се наведува дека Србија, иако го поддржува територијалниот интегритет на Украина, одбива да се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија, дека „недвосмислено не ја осудила руската воена агресија“ и дека заедно со БиХ е „единствената земја на Западен Балкан што не се усогласила со позицијата на ЕУ“.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
