Балкан
1. November 2015 - 18:05

Билансот на жртвите на труење со алкохол во Турција достигна 23 лица

Билансот на жртвите на труење со алкохол во Турција се зголеми на 23 лица, откако изминатите два дена во болниците починаа уште 11 лица, кои пиеле илегално произведена ракија. 

Сите жртви ја конзумирале турската ракија „раки“, силен алкохолен пијалак, кој се прави од анис, а за кој властите сметаат дека бил помешан со смртоносна доза на метил алкохол.

Уште 15 лица се наоѓаат во болница во Истанбул и се во критична состојба.

Полицијата во рацијата ширум земјата уапсила најмалку 14 лица, одговорни за оваа трагедија, кои се обвинети за убиство од небрежност. Освен тоа запленети се илјадници шишиња со алкохолен пијалак.

Вкупно 89 лица се примени од средата до денеска во турските болници поради труење со алкохол.