Свет
13. August 2015 - 8:45

Билансот на загинатите во Тјенцин се зголеми на 42 лица

Билансот на жртвите на експлозиите во магацин за лесно запаливи материјали во кинескиот пристанишен град Тјенцин се зголеми на најмалку 42 лица, а 400 се ранети, изјави извор од болницата во градот, јави ТАСС. 

Потврдена е смртта на деветмина пожарникари. 

Бројот на лицата кои пристигнуваат во болницата постојано се зголемува.

Тјенцин е главното пристаниште и индустриско подрачје југоисточно од Пекинг.