Биков за БНР: Изборот на Радев нема да ги смири политичките тензии во Бугарија
Претставникот на ГЕРБ и долгогодишен пратеник на оваа партија во бугарскиот парламент, Тома Биков, изјави дека изборната активност на вчерашниот втор круг од претседателските избори Бугарија не се заснова на ентузијазмот, туку на анти-ГЕРБ тенденцијата, како што се гледа од резултатите, коментираше тој за БНР.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Биков целосно ја отфрла тезата дека изборот на Румен Радев за нов претседателски мандат ќе ги смири политичките тензии во Бугарија. Тој не ја исклучи можноста Румен Радев во наредните месеци да се конфронтира, па дури и со партиите што го поддржаа.
-Бугарското општество може полесно да ги надмине овие предизвици доколку е обединето, но за жал, според Биков, таков потенцијал не видел.
Тој е дециден дека бугарските граѓани ја изгубиле можноста да имаат достоен претседател во ликот на проф. Анастас Герџиков.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
