БиХ ни во март нема да добие вакцини од Ковакс

Босна и Херцеговина ниту во март нема да добие вакцини преку заедничкиот механизам Ковакс, според документ што го примило Министерството за цивилни работи на БиХ од Канцеларијата на Ковакс.
Како што дознава порталот кликс.ба, во писмото се наведува дека на 29 јануари на БиХ и било јавено дека ќе добие 23.400 дози вакцини Фајзер, под услов да ги исполни наведените услови, а тие, како што велат од Ковакс, не се исполнети.
Конкретно, се наведува дека според длабинската анализа на Фајзер за секоја земја, БиХ не ги завршила своите обврски.
Ова првенствено се однесува на барањата на „ултра ладниот ланец“ за чување на вакцините, но и на обврските што се од правен и административен домен.
– По неколку разговори со Фајзер во последните три недели, со жалење ве известуваме дека испораката на овие дози, кои беа наменети да бидат доставени во првиот квартал од оваа година, ќе се одложи сè додека не се исполнат дополнителните барања на Фајзер од длабинската анализа, кои одат многу подалеку од проценките за подготвеност извршени од Регионалниот комитет за проценка, се вели во писмото.
За да го забрза решавањето на проблемот, Ковакс и нуди на БиХ да организира разговори со претставници на Фајзер.
Како што дознава порталот, Фајзер бара од Босна и Херцеговина да потпише договор за надомест на штета и одговорности, доколку сметаат дека постојат законски или финансиски ризици во врска со можниот надомест што може да се појави.
Во такви околности, Фајзер бара директен договор со државата, кој очигледно сè уште не е завршен.
Од друга страна, Министерството за цивилни работи претходно соопшти дека ги исполнило сите обврски.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
