БиХ може да прими 5.000 бегалци, потоа ги затвора границите
Босна и Херцеговина има можност да смести до 5.000 бегалци, по што ќе ги затвори границите по примерот на своите соседи, изјави денеска босанскиот министер за безбедност Драган Мектиќ.
Тој додаде дека БиХ е подготвена да биде транзитна земја и да им обезбеди премин на бегалците во земји од Европската унија.
- Доколку сите граници се затворат тогаш постои можност бегалците да дојдат во БиХ, но без можност за натамошно излегување. Затоа порачувам дека почитувајќи ги човековите права ќе мора да го почитуваме и фактот дека можеме да прифатиме само толку луѓе за колку што имаме капацитет, изјави Мектиќ на прес-конференција.
Тој прецизираше дека сегашните капацитети на земјата овозможуваат примање на околу пет илјади лица.
Мектиќ појасни дека БиХ располага со Центарот за азил во Сараево, бегалскиот центар во Салаковци кај Мостар и напуштените касарни, во кои можат да бидат сместени околу 5.000 лица.
Тој додаде дека на границата на БиХ досега не се појавил ниту еден мигрант или бегалец.
Ново на Сител
-
Пoглаварите на МПЦ и СПЦ и високи гости од Србија, Р. Српска и Црна Гора на Светославска академија во Скопје
-
Светосавска академија во МНТ, патријархот Порфириј меѓу гостите во Скопје
-
Тема на денот со Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците
-
Побарано изземање на обвинителката во случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Филипче обвинува за политичка хајка против него за скандалот на онкологија - Мизрахи тврди дека тој се правдал
-
Без мотор и со делови од други возила - министерското БМВ на Груби пронајдено во сервис во Куманово
-
Борците од НОБ бараат Касами да не ги менува имињата на улиците
-
Во Струмица активиран алармот за загадениот воздух, ПМ 10 честичките пак го надминаа критичниот праг